? Алтернативни извори на ? енергија презентация

Енергија е фундаментален квантитет што секој физички систем го поседува. Таа ни овозможува да предвидиме колку работа системот може да заврши или колку топлина може да размени. Потрошувачката на енергија

Слайд 1❧ Алтернативни извори на ❧ енергија


Слайд 2Енергија е фундаментален квантитет што секој физички систем го поседува. Таа

ни овозможува да предвидиме колку работа системот може да заврши или колку топлина може да размени.

Потрошувачката на енергија и енергенси е составен дел како на секојдневниот живот на поединецот, така и на индустријата и на сите останати сегменти на општеството. Енергијата ја има во секој дом, училиште, фабрика, стамбен објект односно секаде.
Побарувачката на енергија е во постојан пораст на светско, регионално и национално ниво. Ова се однесува како на електричната и топлинската енергија, така и на енергијата односно енергенсите употребени во транспортот. Сегашното светско производство на енергија се базира врз употреба на фосилни горива (јаглен, нафта и природен гас) и нуклеарна енергија, поради што енергетскиот сектор се јавува како најголем загадувач на животната средина, почнувајќи од испуштањето на јаглероден диоксид како еден од причинителите за глобалното затоплување, па се до радиоактивниот отпад кој се добива од нуклеарните централи.


Слайд 3 Врз основа на изворите на енергија кој човекот ги

користел во минатото и нначинот на кој ги користел тие можат да се поделат во три фази:

Биолошка фаза (до средината на 18 в.)
Механичка фаза(ви текот на 19 в.)
Електрична фаза(во текот на 20 в.)

Денес во светот се користат различни извори на енергија и можат да се поделат на:

Класични
Алтернативни

Класични извори на енергија се :
Дрво
Нафта
Притоден гас







Слайд 4водена енергија
Атомска енергија

Алтернативни извори на енергија се:

Сончева


Геотермална
Енергија од ветерот
Енергија од морските бранови

Енергетските извори исто можат да се поделат врз основа на нивната обновливост :

Обновливи
Необновливи


Слайд 5 Развојот на индустријата имаше побарувачка од се поголеми количини

енергија.Колку развојот на индустријата одеше нагоре, толку и потребата за енергија се зголемуваше.
Енергетиката е исто така доста профитабилна гранка.
Одличен пример за ова е економскиот развој во земјите штопоседуваат нафта и гас.Другите извори како дрвото се помалку профитабилни , тие најчесто се користат за греење итн.
Најголем извор на енергија е водениот потенцијал.
Најдобар пример се хидроцентралите кои се градат на езерата.



Слайд 8 Во последниве години, паралелно со развојот на еколошката

свест кај човекот, се јавува тенденција за замена на енергетските извори од фосилно потекло со нови, чисти извори на енергија. Нафтата и нејзините деривати покрај тоа што се едни од главните загадувачи на животната средина, тие се и причина за многубројни конфликти во светот.

Потребата од изнаоѓање на нови извори на енергија се повеќе доаѓа до израз заради значителното намалување на резервите од фосилни горива. Соларната енергија, енергијата на ветерот, брановите на водата и геотермалните води се потенцијални извори на енергија кои помалку или повеќе ги поседува секоја земја. Искористувањето на овие извори ја зголемува енергетската независност на државата.


Слайд 10
Научниците набројуваат „10 чекори за ставање

крај на зависноста од фосилни горива“, како дел од нивната серија „Иднината на енергијата“. Во суштина се работи за алтернативни извори на енергија кои лесно можат да ја заменат нафтата:

Искористување на енергијата на ветерот (Step 1: Harness the Wind);
Дистрибуирано генерирање електрична енергија преку двонасочни „паметни“ енергетски системи (Step 2: End Gridlock);
Користење хибридни возила, кои комбинираат мотор со внатрешно согорување и електричен мотор (Step 3: Rev Up Our Hybrid Rides);
Користење возила на етанол и производство на подобар, целулозен етанол со помош на термити и генетски инжинеринг (Step 4: Brew Better Ethanol);
Подобро искористување на енергијата на Сонцето, кое за еден час ни дава доволно енергија потребна за цела година (Step 5: Switch on the Sun Lamp);

Слайд 11Пронаоѓање ефикасен и еколошки начин за производство на

водород, кој е двојно подобар извор на енергија од нафтата (Step 6: Go H2);
Искористување на енергијата од брановите преку водни турбини (Step 7: Ride the Waves for Watts);
Подобро искористување на геотермалната енергија (Step 8: Dig Deeper);
Преработка на биолошкиот отпад во енергија (Step 9: Make Gas from Trash);
Штедење енергија (Step 10: Use "Negawatts").


Слайд 12

СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА.
   Фотонапонски соларен панел модел PW, изработен од поликристален силициум со ефикасност > 14%.


Слайд 13  Фотонапонски соларен панел модел HT, изработен од монокристален силициум со ефикасност

> 17%.



Слайд 14 Овие модели на фотонапонски соларни панели се достапни

со моќност од 20;50;75;100; 125 W и излезни напони од 12 или 24 V. Заштитени се од инверзна струја со бајпас диоди. Во зависност од потребата панелите можат да се поврзуваат во паралела или серија за да се добијат бараните напони и струи. Панелите поврзани во поголем систем за напојување во комбинација со ветерни турбини, акумулаторски батерии и DC/AC инвертори се користат за напојување со електрична енергија на куќи, мали работилници, телекомуникациони станици, катодна заштита, наводнување пумпи, комерцијални објекти и др.

Слайд 15  Стартната брзина на ветер при која генераторот почнува да дава

струја е 2,8m/s. Номиналаната моќност при 12m/s е 200W, додека максималната моќност е 300W. Месечното производство на струја при 5,4m/s изнесува околу 40KWh. Дијаметарот на перките е 1,20m, а се произведуваат со 5 или 6 перки. Тежината на овој тип wind генератори е 11kgr. Монтажата е лесна и едноставна а одржувањето не е потребно, бидејќи самата турбина има заштита од пренапон или преполнување на батериите со тоа што има вграден регулатор на напон во самото куќиште.Овој тип на турбина е доволен за мали потрошувачи, како што се осветлувањето, радио, ТВ и др.

Слайд 16 AIR 403 се едни од најпопуларните и наједноставни

за употреба ветерни турбини (wind генератори) кои се идеални за места со средни и големи брзини на ветрови. Ние Ви ги нудиме моделите AIR 403 LAND и AIR 403 INDUSTRIAL. Се изработуваат за напони од и 48V. Номиналната моќност при 12m/s е 400W, додека максималната моќност e 600W. Месечното производство на струја при 5,4m/s изнесува околу 50KWh. Стартната брзина при која генераторот почнува да ги полни батериите е 2,8m/s. Малата тежина од 7kgr. и радиус на перките од само 1,15m го прават идеален за разни индивидуални и професионални примени. Wind генераторите се монтираат на метална цевка со дијаметар од 48mm. Електронскиот регулатор е монтиран во самото куќиште, а алтернаторот има полукружни магнети и намотки кои ја зголемуваат номиналната моќност за 30%, а на послаби ветрови и до 50%. AIR 403 има вградена електронска кочница која автоматски ги успорува перките до споро и тивко вртење кога батериите се полни.

Слайд 17Алтернативни извори на енергија во Македонија
Македонија треба да размислува за алтернативни

извори на енергија !
Македонија веќе подолго време се соочува со недостиг на електрична енергија и тоа во услови кога најголемите потрошувачи во државата,
индустриските комплекси, не работат. Проценките на енергетските експерти се дека кога ќе се активираат индустриските капацитети,
енергетските потреби на Македонија ќе бидат драстично поголеми, што ќе ги зголемите трошоците на земјата за увоз
енергија.Потребите за електрична енергија на Македонија секоја година се зголемуваат за 4%.

Но, ваквите зафати се неисплатливи дури и за развиените земји,бидејќи изградбата и одржувањето на централите е многу скапо.
“За да се намалат трошоците за увоз и за да се подобри состојбата со целокупниот енергетски потенцијал во земјава, потребно е Македонија да почне да размислува за начините на искористување на алтернативните извори на енергија.


Слайд 18Здружението за искористување на алтернативни извори на енергија пред седум години

изработи елаборат за поставување на
ветерници на Водно. Алтернативните извори на енергија се сe поприфатени во светот, а најмногу како извор на електрична енергија се
користи ветрот, бидејќи е најисплатлива опција
Од Здружнието посочуваат дека е потребно да се направи научна студија со која ќе се утврди потенцијалната кинетичка енергија на Македонија. Студијата треба да покаже колкава количина електрична енергија може да се добие од искористување на алтернативните извори на енергија и да се утврди колкави ќе бидат заштедите и трошоците од таквите извори.

Слайд 19✿СЛИКИ✿


Обратная связь

Если не удалось найти и скачать презентацию, Вы можете заказать его на нашем сайте. Мы постараемся найти нужный Вам материал и отправим по электронной почте. Не стесняйтесь обращаться к нам, если у вас возникли вопросы или пожелания:

Email: Нажмите что бы посмотреть 

Что такое ThePresentation.ru?

Это сайт презентаций, докладов, проектов, шаблонов в формате PowerPoint. Мы помогаем школьникам, студентам, учителям, преподавателям хранить и обмениваться учебными материалами с другими пользователями.


Для правообладателей

Яндекс.Метрика