Центри за поддршка на НВО презентация

Содержание

Искуство.... Видлив, инклузивен и ефективен процес на вмрежување, координација, комуникација и развој на партнерства помеѓу НВО, како и помеѓу НВО и локалните власти, медиумите, бизнис секторот и другите фактори во заедницата.

Слайд 1Поддршка на иницијативи за развој на локалната заедница

Центри за поддршка на

НВО

Слайд 2Искуство....
Видлив, инклузивен и ефективен процес на вмрежување, координација, комуникација и развој

на партнерства помеѓу НВО, како и помеѓу НВО и локалните власти, медиумите, бизнис секторот и другите фактори во заедницата.

Слайд 3NGO Support Centers


Слайд 4Центри за поддршка на НВО
4 Центри во Велес, Прилеп, Штип и

Кичево (поддржани од СДЦ и ФИООМ) формирани и оперативни од 2001/2002
8 Центри во Струга, Ресен, Дебар, Неготино, Гевгелија, Струмица, Кратово и Делчево (поддржани од ЕАР и ФИООМ) оперативни од 2004
Во различни градови, со специфичен локален контекст, како дел од два различни проекти, но со иста цел: јакнење на граѓанското општество надвор од главниот град

Слайд 5Главни цели
Институционален развој на НВО
Воспоставување соработка и партнерство помеѓу НВО, но

и со локалната власт, медиумите и бизнис секторот
Јакнење на улогата на НВО како активен фактор во развојот на локалната заедница

Слайд 6Корисници на услугите
Непосредни корисници:
Членови на НВО и индивидуалци
Локалната заедница која има

корист од видливото и квалитетно испорачување на услуги од НВО
Општината која има корист од зајакнатата соработка со граѓанскиот сектор

Крајни корисници:
Граѓаните

Слайд 7Центрите обезбедуваат
услови за учење (простории, опрема, интернет)
обуки, советувања, консултации
трансфер на

експертско знаење (локални ресурси)
трансфер на акумулирано и развиено искуство (know-how)
развивање соработка, коалиции, вмрежување
размена и дистрибуција на информации
состаноци, форуми, работилници
соработка со медиумите, локалната власт и НВО
литература (библиотека)
издавање (прирачници, извештаи, веб сајт)

Слайд 8Логистичка поддршка
Различни видови поддршка на локалните НВО:
Обезбедување инфраструктура: простор за состаноци,

комуникациска опрема и опрема за обуки, компјутери, принтер и фотокопир
Библиотека: весници, магазини, книги
Информации: можности за обуки, активности на други НВО
Можности за финансирање: донатори, конкурси, апликации

Слайд 9Програма за јакнење на капацитети
развој, институционално јакнење и градење на капацитетите

на НВО од регионите што ги покриваат ЦПНВО преку:
Работилници, семинари и предавања (зголемено знаење и вештини во НВО заедницата на темите: стратешко планирање, управување со проектен циклус, односи со јавниста, ЕУ структури итн).
Советување и консултации (индивидуални консултации на НВО во различни области: формирање и регистрирање на здружение на граѓани, пишување предлог проекти, проектен менаџмент, соработка со локалните власти и бизнис секторот, односи со јавноста итн.)

Слайд 10Вмрежување и партнерство
Како независно, објективно и професионално тело, ЦПНВО беа во

одлична позиција да ги вмрежуваат, фасилитираат и да бидат медијатори помеѓу НВО, властите и бизнис секторот, преку:
состаноци за соработка и вмрежување на локалните НВО (развој на коалиции за адресирање на прашања од локално/регионално значење, охрабрување и поддршка на соработката во развојот на заеднички предлог проекти и акциони планови)
соработка и партнерство помеѓу НВО и локалните власти, медиумите, бизнис секторот и останатите локални фактори (преку заеднички состаноци, размена на информации, учество на обуките и работилниците организирани од ЦПНВО, партнерството на НВО со локалните власти, медиумите и бизнис секторот е иницирано, формирано и поддржано).

Слайд 11Активности за лобирање и застапување
- состаноци, тркалезни маси и

работилници за НВО и претставниците на одлучувачките тела за да се идентификуваат заедничките проблеми на локално/регионално ниво и да се развијат заеднички акциони планови.
- размена на информации за активностите за лобирање и застапување во различните региони.

Слайд 12
финансиска поддршка за проекти на НВО преку добро воспоставена процедура на

доделување грантови.

Приоритет при доделување имаа проекти кои целат кон решавање на потреби и проблеми на локалната заедница.

Доделување грантови


Слайд 13Иницијативи на заедницата
охрабрување и иницирање активности од заеднички интерес на локалните

НВО, преку поддршка на активности:
логистичка поддршка: поддршка на активности спроведувани од НВО преку организирање/одржување состаноци, тркалезни маси, презентации, прес конференции, работилници и обуки
посети на другите Центри: организирани посети на другите Центри или НВО во земјата, за запознавање со нивната работа, размена на информации и искуства и иницирање соработка на локално и регионално ниво
годишни НВО форуми кои ги собираат на едно место НВО од целата земја.


Слайд 14Што постигнаа?
Зајакнати капацитети на НВО за адресирање и решавање на локалните

проблеми и влијание во креирањето на политиките и донесувањето одлуки (обучен кадар, воспоставени релации со другите сектори, нивна вклученост во активностите на НВО)
Подобрен имиџ на НВО, зголемена транспарентност, отчетност и видливост во локалната заедница и пошироко
Размената на информации и искуства помеѓу НВО стана практика
Воспоставен зголемен број ефикасни коалиции и мрежи помеѓу НВО на локално и национално ниво кои се активни во решавањето на заеднички проблеми
Иницирани и поддржани активности за лобирање и застапување организирани од НВО коалиции
Вклученост на локалните НВО во националните граѓански акции за промена и донесување на релевантни закони
НВО фокусирани на обезбедување одржливост
Охрабрени граѓански иницијативи

Слайд 15Што постигнаа?
Формирани ефективни партнерства помеѓу НВО и локалните власти во решавањето

на проблемите на заедницата, зголемен број на заеднички реализирани иницијативи
Финансиска поддршка од локалната власт за НВО
Воспоставени добри релации на НВО со локалните и националните институции
Зголемено вклучување на НВО во донесувањето одлуки на локално ниво (подготовка на стратешките јавни документи, одлучувачки или советодавни тела)
Зголемена свест на НВО и граѓаните за одговорноста на (локалните) власти
Медиумите (особено локалните) редовно известуваат за активностите на НВО секторот
Бизнис секторот почна да се вклучува во активностите на НВО

Слайд 16Покрај другото...
Обезбедена основа за одржливост на ЦПНВО
простор и финансиска поддршка

од ЛС (10 од 12 Центри)
развиени стратегии за одржливост
трансформирани ЦПНВО во независни правни ентитети (НВО или фондации)
развиени капацитети на ЦПНВО (обучен персонал, воспоставени одлучувачки тела, работни процедури)

Слайд 17Центрите сега
осамостоени организации
основните услуги и логистичка поддршка
простор и/или финансиска поддршка

од општините
спроведуваат заеднички проекти со ФИООМ,
во рамки на проект финансиран од ЕК – исти активности, фокусирани на малцинствата
реализираат проекти финансирани од други донатори кои одговараат на потребите на локалната заедница
важни фактори во своите заедници и претставници на НВО секторот во заедницата

Слайд 18

Благодарам на вниманието!

Адријана Трендова
Фондација Институт отворено општество -Македонија
atrend@soros.org.mk


Обратная связь

Если не удалось найти и скачать презентацию, Вы можете заказать его на нашем сайте. Мы постараемся найти нужный Вам материал и отправим по электронной почте. Не стесняйтесь обращаться к нам, если у вас возникли вопросы или пожелания:

Email: Нажмите что бы посмотреть 

Что такое ThePresentation.ru?

Это сайт презентаций, докладов, проектов, шаблонов в формате PowerPoint. Мы помогаем школьникам, студентам, учителям, преподавателям хранить и обмениваться учебными материалами с другими пользователями.


Для правообладателей

Яндекс.Метрика