Слайд 1ПОСТИНДУСТРИЈАЛИЗАМ И ОПШТЕСТВО НА ЗНАЕЊЕТО
Слайд 2ПОСТИНДУСТРИЈАЛИЗАМ И ОПШТЕСТВО НА ЗНАЕЊЕТО
Под поимот ,,постиндустријализам,, или ,,постиндустриско општество,, се
подразбира она општество во кое знаењето е главната преокупација и кое претставува примарен извор на моќта и општествениот развиток.
Значи тоа е она општество во кое преовладувачки општествени групи се техничарите и професионалците и во кое услужниот сектор е поважен од фабриките.
Ако за современото општество некаде до половината на дваесеттиот век доминантна технолошка ознака беше ,,индустриската технологија,, организирана врз механичка основа, за општеството во втората половина на 20век и до ден денес доминантна технолошка ознака е ,,компјутерот-роботот,, или т.н. ,,роботска технологија,,.
Слайд 3Роботите како производна сила
Слайд 4Роботско општество
Роботската технологија го освои светот при крајот на минатиот век
и во почетокот на овој век и таа ќе биде без сомнение преовладувачка основа во индустријата и производството во идниот период.
Во таа смисла современото општество може да се нарече и ,,роботско општество,,.
Тоа пак од своја страна значи квалитативна промена во социјалната структура на општеството.
Rоботска индустрија доведува до десетократно па дури и стократно намалување на потребата за физичка работна сила.
Роботската индустрија го скратува работниот век на луѓето, го забрзува испраќањето во пензија на десетици милиони луѓе, па така во светот денес има повеќе стотина милиони пензионери.
Слайд 5Роботите се повеќе ќе бидат наше секојдневие
Слайд 6Јапан –најроботска земја на светот
До 2025 година во Јапан 3,5 милиони
работници ќе бидат заменети со роботи а до 2030 година преку 15% од целокупната работна сила ѓе биде заменета од роботите
Со помош на роботите кои го надгледуваат здравјето на постарите луѓе, Јапан до 2025 година може да заштеди преку 20 милијарди американски долари со што класичната болничка нега ќе биде ставена во втор план
Се смета дека во рамки на домаќинството роботите на луѓето во просек ќе им заштедат по еден час, секој ден бидејки ке вршат работи како што се чување на деца, грижа за старите, читање на книги или новини на глас и сл.
Слайд 7Селење на работната сила
Но роботската индустрија претставува и основа за селење
на работната сила во други сектори кои посредно се поврзани со неа како што е примерот со лабаратории, институти, високошколски установи и сл.
Работната сила се сели од машината кон лабараторијата, училиштето, институтот и т.н. па „сините панталони“- работниците, се заменуваат со „белите кошули“ како што Рајт Милс ги нарекува милионите луѓе кои работат во тие установи.
Во најразвиените земји од светот ваквите луѓе т.е. ,,белите кошули,, го сочинуваат поголемиот дел од вкупно вработените луѓе.
Слайд 8Потрошувачко општество
Tерминот ,,потрошувачко општество,, се користи за да се означат токму
ваквата состојба во општеството кога се врши масовно и сериско производство на стоки и услуги за широка потрошувачка од сите видови.
Храната, облеката, телевизорот, автомобилот, мобилниот телефон и сл. станаа се повеќе животна потреба на се поголем број на луѓе а се помалку се средство за одбележување на нечиј социјален статус.
Слайд 9Во потрошувачкото општество животот на сите луѓе е„врза“ со парите
Слайд 10Светски пазар
Локалните, регионалните и националните пазари веќе не се доволни за
пласирање на огромниот број различити стоки и услуги произведени најмногу во неколкуте најразвиени земји во светот.
Тоа значи дека се повеќе се формира еден ,,светски пазар,, без обзир на различните национални и државни бариери.
На тој ,,светски пазар,, постои една огромна конкуренција за успех односно продажба на своите производи и остварување на профитот.
Слайд 11На светскиот пазар напредната технологија има предност
Слайд 12Информациско општество
Информацијата и рекламата стануваат неопхони ,,посредници,, меѓу произведувачите и милионите
потенцијални потрошувачи.
Производството т.е. индустријата на информацијата и рекламата стануваат попрофитабилен бизнис од самото производство на производот што се рекламира.
Рекламно-информациската ,,војна,, за освојување на пазарот станува драматична и безмилосна која води кон се поусовршени технологии кои бараат огромни средства за истражување и кои ангажираат стотици илјади високообразовани инженери и техничари.
Според оваа карактеристика социолозите современото општество уште го нарекуваат и ,,информациско општество,“ или ,,општество на знаењето“.
Слайд 13Војници во рекламно-информациската војна
Слайд 14Дали целиот свет е на ова ниво од својот развиток?
Не е
целиот свет полигон со роботска технологија со развиен услужен сектор и информациско-рекламна организација.
За постиндустриско општество или за општество на знаењето може да се зборува само кога станува збор за северна Америка, Австралија, Јапонија и повеќе западно Европски земји.
Во другиот дел на Европа, за Кина и југоисточна Азија може да се зборува како за региони во кои се поставуваат широки претпоставки за создавање на вакви општества и кои, за неколку децении ќе може да се констатира дека израснале во постиндустриски општества.
Слайд 15Некои земји се на ниво на прединдустриска ера од својот развиок
Скоро
една третина од сегашното светско население се уште живее во прединдустриската ера
На селаните во Африка или Јужна Америка воопшто не им е гајле за најновите модели на автомобили или мобилни телефони.
Потребата, која на прво место ја имаат најразвиените земји во сватот, од брзо ширење на светскиот пазар веќе доведува до тоа токму развиениот свет да издвојува средства за технолошко и економско унапредување на овие региони, оспособувајки ги за учество во светската трговија и индустрија.
Нешто слично веќе се случи со односот на САД кон западна Европа по Втората светска војна.
Слайд 16Една третина од луѓето живеат во крајна сиромаштија
Слайд 17Земјоделието во постиндустриското општество
Сепак еден глобален сектор на производството, колку и
да е унапреден со новите технологии, останува се уште надвор од роботската производство.
Тоа е земјоделското производство.
Токму во врска со производството на ,,здрава храна,, социолозите, и не само тие, го поставуваат прашањето за тоа како да се усклади потребата за унапредување на ваквото производство и во квантитативна и квалитативна смисла со сегашниот преовладувачки модел - конкуренција до уништувањe.
Слайд 18Дали е ваква иднина на земјоделието во постиндустриското општество ?